УТРО.мк

Во какво општество живееме? Потресно сведоштво за човечноста во Скопје: “Млада мајка на автобуска сама се бори со аутистично дете, а луѓето и се подсмеваат”

Во какво општество живееме? Потресно сведоштво за човечноста во Скопје: “Млада мајка на автобуска сама се бори со аутистично дете, а луѓето и се подсмеваат”
Vero

Вчера на социјалните мрежи се појави потресно сведоштво за инцидент на автобуската станица кај „Рекорд“ во центарот на Скопје. Млада мајка со своето аутистично дете доживеала сериозна криза, но наместо поддршка од присутните, била изложена на потсмев и навреди.

„Скопје, на автобуска кај Рекорд, млада мајка со аутистично дете, видно вознемирено, креваат врева. Детето вришти, сака да се качи во автобус, мајката се обидува да му објасни дека тоа не е нивниот автобус, но не успева, детето е многу вознемирено, вришти, клоца, ги затвара ушите… Мајката започнува да плаче и на глас да кажува дека нема помош од никој, дека ниту од фамилија не и помагаат, дека и е тешко. Детето оддеднаш истрчува на улица, таа по него, го фати, но тоа се тегне, а крупно детенце, силни и не може да го надваса. Коли свират, кочат… Притрчувам го фаќам за другата рака полека , го тргаме од улица, но тоа пак се тегне, клоца… Се вртам кон луѓето, кон мажите кои стоеја на станицата и ги молам некој да и помогне на мајката, а тие сите до еден гледаат и се смеат. Се смеат, се потсмеваат“, сведочи во Фејсбук статус Елена Доленц.

Потоа, како што вели таа, го совладале некако, детето се смирило малку и им пришол еден постар човек.

„Си помислив ете конечно некој да помогне, а тој… И приоѓа на мајката и и вели – а да му ја залепиш една? …..!!!!!!…Изреагирав, му реков да ја остави на мир, а таа уште толку се вознемири, почна да плаче… Ми се врти тој идиот од човек и ми вели – да го тепала на време нема сега така да прави, треба да го здрви од ќотек, вели Доленц во статусот.

Мајката плаче, детето ја виде и пак почна да вришти и да истрчува на улица, објаснува таа и додава дека пак никој не им помагал, а како што вели, тој “господинот” што дели ум мува не го лази што детето може да настрада, да го прегазат, стои, гледа и мрчи.

„За среќа дојде еден млад дечко, полека ја смири мајката, помогна со детето….Луѓето си гледаа претстава, се смееа сите до еден“, објаснува авторката на оваа објава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран