Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА најави дека проектот „Безбеден град“ ќе почне со примена од 1 јануари 2026 година.
Тој појасни дека станува збор за пакет од шест закони – меѓу кои Законот за безбедност на сообраќајот, Законот за прекршоци, Кривичниот законик и Законот за извршување санкции – кои треба да се усогласат за целосна имплементација на системот.
Како подготовка, од 1 јануари 2025 година започна собирањето податоци поврзани со сопствениците на возила. Според Тошковски, системот ќе функционира преку испраќање пораки на мобилните телефони на граѓаните за сторени сообраќајни прекршоци.
Министерот најави дека до 1 декември 2025 ќе започне пробен период, во кој граѓаните ќе добиваат известувања за прекршоци без казни, со цел информирање и подготовка за официјалниот старт на проектот.