ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил изгаснат, а Е.В. и Ф.Н. се лишени од слобода.