УТРО.мк

Меџити: Таксистите ќе добијат субвенции за 200 електрични возила

Меџити: Таксистите ќе добијат субвенции за 200 електрични возила
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, најави субвенционирање на 200 електрични возила за таксисти како дел од стратегијата за намалување на загадувањето и подобрување на урбаниот живот.

„Возилото што денес го претставуваме е електрично, со високи еколошки стандарди, без штетни емисии, без бучава и со висока енергетска ефикасност“, изјави Меџити на работна средба со Унијата на здруженија на таксисти. Тој нагласи дека новите возила постепено ќе ги заменат постојните такси-автомобили на дизел, бензин и гас.

Просечната цена на едно возило е 28.000 евра, а вкупната инвестиција изнесува 5,6 милиони евра. Министерството ќе субвенционира 15% од сумата, односно околу 840.000 евра. Според еколошките експерти, замената ќе донесе намалување од над 2.700 тони јаглерод диоксид годишно, што е еднакво на садење повеќе од 120.000 садници. Дополнително, ќе се намали и урбаната бучава, особено во густо населени средини.

Меџити потсети и на други иницијативи: воведување систем за споделување возила со првите 100 електрични автомобили, електрични тротинети и велосипеди, како и донацијата на 6 електрични автобуси за Град Скопје преку програмата „ЕУ за чист воздух“. Исто така, зголемени се капацитетите за мониторинг на квалитетот на воздухот и засадени се десетици илјади садници низ земјата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран