УТРО.мк

Зошто Венецуела е богата со нафта а со сиромашен народ?

Зошто Венецуела е богата со нафта а со сиромашен народ?
Vero

Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот, проценети на 303 милијарди барели, но сепак генерира само дел од приходите што некогаш ги остварувала од извозот. За споредба, Саудиска Арабија има 267,2 милијарди барели, Иран 208,6 милијарди, а Канада 163,6 милијарди барели. Ова значи дека Венецуела има повеќе нафта од Саудиска Арабија, Иран, САД и Канада заедно.

Главниот дел од резервите се наоѓа во појасот Ориноко на истокот на земјата, каде што суровата нафта е екстра тешка и вискозна, што ја прави поскапа и потешка за експлоатација. За нејзино извлекување е потребна напредна технологија, како вбризгување пареа и мешање со полесна сурова нафта. Поради густината и високото ниво на сулфур, оваа нафта обично се продава со попуст.

Експлоатацијата ја води државната нафтена компанија „Петролеос де Венецуела“ (PDVSA), која се соочува со застарена инфраструктура, недоволни инвестиции, лошо управување и меѓународни санкции, што ја ограничува земјата да ги искористи своите огромни резерви на нафта. Венецуела денес извезува главно во Кина, Индија и Куба, откако од 2017 година САД воведе заострени санкции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран