УТРО.мк

Светот далеку од целите на Парискиот договор – емисиите на јаглерод соборуваат нов рекорд

Светот далеку од целите на Парискиот договор – емисиите на јаглерод соборуваат нов рекорд
Vero

И покрај ветувањата за оддалечување од фосилните горива, новите податоци претставени на климатската конференција COP29 во Азербејџан покажуваат дека 2024 година ќе ги собори сите досегашни рекорди по глобални емисии на јаглерод.

Согорувањето на јаглен, нафта и гас оваа година ќе предизвика пораст на глобалното затоплување за дополнителни 0,8%. Според Парискиот договор, емисиите треба да се намалат за 43% до 2030 година за да се ограничи порастот на температурата на максимум 1,5 степени.

Иако на COP28 во Дубаи за првпат беше донесена одлука за постепено откажување од фосилните горива, податоците укажуваат дека светот сè уште не презема конкретни чекори. „Историјата ќе нè суди според нашите постапки, а не според зборовите“, предупреди Султан Ал Џабер, претседател на претходниот самит.

Според „Глобалниот буџет за јаглерод“, комбинираните емисии од фосилни горива и сечење шуми годинава ќе достигнат историски рекорд. Најголеми загадувачи остануваат Кина и САД, додека намалување на емисиите бележат 22 држави, меѓу кои Германија, САД и Велика Британија.

На COP29 во Баку фокусот ќе биде ставен на финансирање од трилиони долари за земјите во развој, со цел ограничување на штетните гасови и заштита на населението од последиците на климатските промени.

„Последиците се сè подраматични, а времето истекува. Лидерите мора да донесат брзи и ефикасни одлуки“, предупреди професорот Пјер Фридлинштајн од Универзитетот во Ексетер.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран