УТРО.мк

Полицијата апси на Денот на независноста – Детали

Полицијата апси на Денот на независноста – Детали
Vero

Двајца жители на село Здуње, гостиварско, се лишени од слобода при претреси извршени од полициски службеници од ОВР Гостивар.

Првиот осомничен, Ф.М. (30), бил уапсен при претрес на куќата и помошните простории, при што била пронајдена и одземена марихуана. Вториот, Е.Џ. (31), бил лишен од слобода при претрес на домот и помошните простории, каде што полицијата пронашла марихуана, грутка кафена материја, три паковки со бела прашкаста материја и поголема сума на пари.

Двајцата се задржани во полициска станица, а по документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран