УТРО.мк

Италијанец заврши во притвор – Ова е причината

Италијанец заврши во притвор – Ова е причината
Vero

Полицијата уапси 27-годишен државјанин на Италија откако кај него бил пронајден хашиш на паркинг просторот на Средно Водно. Инцидентот се случил на 7 септември 2025 година околу 21 часот, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле лицето Л.Т.

При прегледот бил пронајден наркотичниот препарат, по што била вклучена Единицата за недозволена трговија. Против осомничениот е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител.

Судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, кој ќе го издржува во КПУ Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран