УТРО.мк

Страшна сообраќајна несреќа: Судар меѓу 4 мотоцикли и 4 возила – најмалку петмина повредени!

Страшна сообраќајна несреќа: Судар меѓу 4 мотоцикли и 4 возила – најмалку петмина повредени!
Vero

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар попладнево, кога се судрија четири мотоцикли и четири патнички возила. Инцидентот, пријавен нешто пред 16 часот во ОВР Гостивар, предизвика целосен прекин на сообраќајот на оваа фреквентна делница.

Според првичните информации од полицијата, најмалку пет лица се повредени, а полициски екипи се на терен вршат увид. Возилата се пренасочуваат преку локални патишта, преку каменоломот „Прогрес“ и месноста Панорама кај Вруток.

Засега не се познати причините за несреќата, ниту карактерот на повредите на настраданите. Полицијата апелира до возачите да ги почитуваат насоките и да возат внимателно.

Извор: 4news

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран