УТРО.мк

Руската војска со нова тактика: Тенковите одат во историја?

Руската војска со нова тактика: Тенковите одат во историја?
Vero

Русија воведе нов пристап на боиштето во Украина, заменувајќи ги класичните тенковски колони со брзи и лесно подвижни единици на мотори, пренесе Deutsche Welle.

Според извештаите, руските војници користат мали групи кои со мотори и дронови за извидување успеваат да освојуваат километар по километар. Оваа тактика им овозможува да делуваат брзо, изненадувачки и со минимална видливост.

„Прво ги чистиме шумите околу населените места. Командантот нè насочува преку дрон – ‘малата птица’ – кој ни покажува каде се противничките сили и во кој број“, изјавил еден руски војник.

Воените аналитичари велат дека тенковите веќе не се главно оружје на фронтот. Сега најчесто служат само за транспорт, додека во борбите доминираат мали тимови од два до четири војници, често опремени со специјални маскирни наметки за да избегнат откривање од термални камери на украинските дронови.

Стручњаците оваа стратегија ја нарекуваат „инфилтрација“. Таа се применува на повеќе делови од фронтот и, според руските извори, резултира со територијални придобивки. Бидејќи денешните линии на бојното поле се исполнети со празнини и локализирани позиции, одлучувачка станува визуелната контрола, а не класичната артилериска надмоќ.

Оваа промена во тактиката ја потврдува и проценката дека војната сè повеќе ја диктираат беспилотните летала и мобилните единици, наместо традиционалните тешки бригади.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран