УТРО.мк

Францускиот парламент ја урна владата на Бајру – следува назначување нов премиер

Францускиот парламент ја урна владата на Бајру – следува назначување нов премиер
Vero

Францускиот парламент ѝ изгласа недоверба на малцинската влада на премиерот Франсоа Бајру, отворајќи ново поглавје во политичката криза што ја тресе земјата. Со 364 гласа „за“ и 194 „против“, Националното собрание ја смени владата, што значи дека Франција за помалку од две години ќе добие петти премиер.

Падот на владата беше очекуван, откако пратениците и од десницата и од левицата најавија поддршка за иницијативата. Бајру, кој има 73 години, беше назначен од претседателот Емануел Макрон во декември, по заминувањето на неговиот претходник Мишел Барние, кој остана само три месеци на функцијата.

„Последните девет месеци ми причинуваа длабока радост поради тимот со кој работев. Им се заблагодарувам на сите министри за соработката и за постигнатите резултати“, изјави Бајру пред гласањето за доверба, најавувајќи дека утре ќе ја поднесе својата оставка.

Од Елисејската палата соопштија дека претседателот Макрон ќе назначи нов премиер во следните денови. Политичката нестабилност трае од минатогодишните вонредни избори, на кои крајната левица изненадувачки извојува победа, иако најголеми шанси ѝ се даваа на крајната десница.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран