УТРО.мк

Меџити најавува европски спортски комплекс во Чаир

Меџити најавува европски спортски комплекс во Чаир
Vero

Запуштениот спортски базен во Чаир ќе се претвори во современ спортски комплекс по европски стандарди, инвестиција што ќе ја направи горда не само општината, туку и целиот Скопје, најави Изет Меџити, прв вицепремиер и кандидат за градоначалник на Чаир.

Комплексот ќе вклучува голема сала за ракомет, одбојка и кошарка со капацитет од над 3.000 гледачи, како и посебни простории за фитнес, пинг-понг, боречки спортови, карате и бокс. Надворешниот дел ќе содржи терени за мал фудбал и два отворени терени за кошарка, достапни за сите граѓани.

Проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство, со гаранција дека по завршување на периодот на користење од инвеститорот, целата спортска зона ќе премине во сопственост на Општина Чаир и граѓаните. Владата веќе му го овозможи на Чаир правото да го менаџира овој простор и да ги спроведе сите потребни процедури.

Со овој проект, децата и младите од Чаир ќе имаат услови споредливи со најсовремените спортски центри во Европа, што претставува голем чекор напред во поддршката на спортот, здравиот живот и рекреацијата.

„Време е Чаир да има слика каква што заслужува – европски Чаир, Чаир на можностите“, истакна Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран