Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, по повод Денот на независноста на Македонија, упати порака до граѓаните за значењето на овој празник.

„Ова е ден на кој се потсетуваме кои сме, од каде доаѓаме и кон што чекориме. Да ја чуваме Македонија, затоа што таа е љубов, татковина и иднината на нашите деца“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека, и покрај предизвиците и тешкотиите на патот, одговорноста за зачувување на државата останува света обврска за секој Македонец. „Со достоинство и силно чувство за сопствената држава, за нашата Македонија, треба да бидеме посилни, посплотени и поуспешни. Да изградиме иднина во која гордо ќе го носиме името Македонци, како што тоа го правеле нашите предци“, нагласи Ѓорѓиевски.

Во својата порака, градоначалникот истакна дека секој Македонец има обврска да го чува наследството за кое нашите предци се избориле со крв, труд и пркос.
„За многу години!“ – заврши Ѓорѓиевски.