УТРО.мк

Масар Омерагиќ: „Браво Македонија, табелата никогаш не изгледала поубаво!“

Масар Омерагиќ: „Браво Македонија, табелата никогаш не изгледала поубаво!“
Vero

Фудбалската репрезентација на Македонија ја декласира Лихтенштајн со 5-0 во септемврискиот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 и се врати на врвот на табелата во групата. Победата е значајна за националниот тим пред клучните октомвриски дуели со Белгија во Брисел и со Казахстан во Скопје.

Првиот гол го постигна Елиф Елмас во 15. минута, со спектакуларен соло продор во кој издрибла четворица противници пред да го матира голманот. Во второто полувреме следуваа два брзи гола – прво Енис Барди во 52. минута, а потоа Дарко Чурлинов во 56. минута. Четвртиот гол го постигна Лирим Ќамили во 81. минута, додека последниот, петти, беше дело на Лука Станковски, кој го постигна својот прв гол за сениорскиот тим.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, по натпреварот порача: „Браво, браво… табелата за Светско првенство никогаш не изгледала поубаво!“

Тимот на селекторот Милевски покажа доминација од првата до последната минута, а поранешниот дебитант Решат Рамадани и Милан Ристовски добија шанса од клупата, додека Лихтенштајн не успеа да се спротивстави на домашната офанзива.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран