УТРО.мк

Ѓорческа со импресивен скок од 43 места на ВТА ранг-листата

Ѓорческа со импресивен скок од 43 места на ВТА ранг-листата
Vero

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, забележа значителен напредок на ВТА ранг-листата, скокнувајќи за 43 позиции и сега се наоѓа на 239. место со 295 поени. Ѓорческа последните недели настапува во одлична форма, играјќи финале на трите последни турнири и освојувајќи го турнирот во Романија во саботата.

Втората македонска тенисерка, Магдалена Стоилковска, напредува за две позиции и сега е рангирана на 1.424. место.

На врвот на ВТА ранг-листата нема поголеми промени. Победничката на УС Опен, Арина Сабаленка, останува на првото место, пред Ига Швјонтек и Коко Гоф. Финалистката од Њујорк, Аманда Анисимова, забележа едно место скок, додека Мира Андреева останува на петтото место, пред Медисон Кејс, а Џесика Пегула има пад за три позиции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран