УТРО.мк

ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје

ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје
Vero

Скопје – Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе настапи на локалните избори во Скопје во соработка со ГРОМ на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, соопшти поранешниот министер за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

Пенов истакна дека тој и докторот Никола Пановски ќе бидат на чело на листата за советници, а ЛДП ќе настапи самостојно, но ќе ги поддржува кандидатите на ГРОМ за градоначалници, додека ГРОМ ќе ги поддржува кандидатите на ЛДП. Засега партијата нема назначено кандидат за градоначалник на Скопје.

Според Пенов, ЛДП имала кратка комуникација со СДСМ за настапот на локалните избори, а пред четири години партијата настапила самостојно, во коалиција со ДОМ, постигнувајќи значителен број гласови на повеќе места, вклучително Скопје и Битола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран