УТРО.мк

Меџити најавува енергетска трансформација на секоја зграда во Чаир

Меџити најавува енергетска трансформација на секоја зграда во Чаир
Vero

Општина Чаир започнува голема урбана трансформација, со проект за субвенционирање на фасади за згради кои немаат енергетска ефикасност. Секој сопственик ќе има можност да добие нова фасада која е функционална и енергетски ефикасна.

Проектот ветува потопли домови во зима и поладни во лето, значително намалување на сметките за енергија, подобрување на семејниот буџет и модерна визија за општината.

Активностите се поддржани преку четири конкретни мерки: комунален фонд за енергетска ефикасност со посебна поддршка за пензионери и семејства со ниски примања; зелени училишта со соларни панели и изолација; законско гарантирање на недопрена електрична енергија за чувствителни категории; и поддршка за заеднички енергетски проекти со користење на соларна енергија.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити истакнува дека ова не е само ветување, туку конкретен план кој веднаш ќе почне да го менува ликот на Чаир.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран