УТРО.мк

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана ја честита независноста на Македонија

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана ја честита независноста на Македонија
Vero

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Во честитката се истакнува дека пред точно 34 години македонските граѓани покажале демократска зрелост и донеле одлука која го трасираше патот кон посветла иднина на државата.

„Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава“, се наведува во честитката.

Претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, во пораката додава: „Нека е честит 8-ми септември, денот на независноста на татковината Македонија! Да живее македонскиот народ! Да живеат Македонците во Албанија! Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина Македонија.“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран