УТРО.мк

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Атина

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Атина
Vero

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Егејското Море во Грција ноќеска во 00:27 часот по локално време (23:27 часот по македонско време).

Епицентарот на потресот бил во морето, на околу 45 километри североисточно од Атина, а длабочината изнесувала само 5 километри, што придонело за посилно тресење на површината. Земјотресот бил силно почувствуван во главниот град и поширокиот регион на Атика, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.

Засега нема информации за жртви или поголема материјална штета. Сеизмолозите напоменуваат дека податоците се прелиминарни и можно е да бидат коригирани во наредниот период.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран