УТРО.мк

Шекеринска во Софија: Русија и тероризмот остануваат најдиректни закани за безбедноста

Шекеринска во Софија: Русија и тероризмот остануваат најдиректни закани за безбедноста
Vero

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, за време на предавањето во Централниот воен клуб во Софија, изјави дека Русија и тероризмот се најдиректните и долгорочни закани за безбедноста на Алијансата и нејзините партнери.

Таа потсети на неодамнешниот руски напад врз цивилна инфраструктура во Украина со 800 дронови и нагласи дека тоа е доказ оти Москва не е заинтересирана за мир. Според неа, приоритетите на НАТО остануваат јасни – понатамошни инвестиции во одбраната, зајакнување на одбранбената индустрија и постојана поддршка за Украина. „Без оглед на исходот на војната, Русија ќе продолжи да биде дестабилизирачка сила“, рече Шекеринска.

Таа ги поздрави напорите на Бугарија која веќе издвојува 2% од БДП за одбраната и најави планови да достигне 5% до 2035 година. „Ова не се трошоци заради трошоци, туку инвестиции за нашата безбедност“, истакна таа.

Шекеринска додаде дека НАТО работи на зголемување на воените капацитети, при што до крајот на 2025 година се очекува ЕУ да произведува 2 милиони гранати годишно, што е шест пати повеќе отколку на почетокот на војната.

На настанот, кој беше организиран од Атлантскиот клуб во Бугарија, присуствуваа амбасадорот на Украина Олесја Илашчук, политичари и јавни личности. Бугарскиот претседател Румен Радев ја истакна важноста на транспортниот коридор 8 за регионалната безбедност и потенцираше дека модернизацијата на армијата е стратешки приоритет.

„Предизвиците се големи, но единството на НАТО е посилно од кога било“, порача Шекеринска во Софија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран