УТРО.мк

Игумен уапсен во Грција за продажба на стари византиски икони и евангелија

Игумен уапсен во Грција за продажба на стари византиски икони и евангелија
Vero

Игуменот на манастирот Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник беа уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми.

Според извештаите, полицијата ја спровела акцијата откако игуменот се обидел да ги продаде реликвиите на полицаец кој се претставил како купувач. Во инцидентот се уапсени и уште четири лица кои биле вмешани во продажбата.

Двете евангелија датираат од 1737 и 1761 година, а Министерството за култура на Грција ќе ги истражи реликвиите за да ја процени нивната религиозна и трговска вредност.

Манастирот Успение на Пресвета Богородица, познат и како Мега Спилео (Голема пештера), се наоѓа во Калаврита, северниот дел на Пелопонез, и е изграден на отворот на голема пештера. Според старите традиции, манастирот бил основан од солунските браќа монаси Симеон и Теодор и е поврзан со чудесното наоѓање на познатата икона на Пресвета Богородица во 362 година.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран