УТРО.мк

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес-Винчини“ во Виница

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес-Винчини“ во Виница
Vero

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по пожарот што го зафати фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и во следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште се присутни жаришта кои тлеат.

За заштита на плинската станица, која не беше погодена од огнот, се поставени противпожарни возила. Во текот на утрешниот ден на увид на лице место ќе биде повикано и вешто лице – електроинжинер.

Исто така, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за целосно испитување на причините и последиците од пожарот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран