УТРО.мк

„Надеж“ во Кичево: 24 години поддршка за деца со попреченост, кичевчани најхумани во државава

„Надеж“ во Кичево: 24 години поддршка за деца со попреченост, кичевчани најхумани во државава
Vero

Здружението „Надеж“ за родители и деца со развојни попречености од Кичево оваа година одбележува 24 години постоење, а активно делува во последните четири години поради претходен недостаток на средства. Во моментов здружението брои 30 активни членови и организира екскурзии, работилници и различни активности за социјализација и развој на децата со посебни потреби.

„Децата бараат друштво, комуникација и музика, а ние се трудиме да им го обезбедиме тоа“, вели Славе Србаковски од здружението. Волонтерски ангажман има и познатиот пејач Алексо Тришовски, кој во последните пет години одржа 14 хуманитарни концерти за поддршка на семејствата и здружението. „Жителите на Керче се најхуманите луѓе во целата земја, секој донира нешто“, додава Тришовски.

Претседателот на „Надеж“, Ѓоко Митревски, истакнува дека најпотребна е стручна помош за децата – логопед и дефектолог – но за тоа се потребни дополнителни средства. Организацијата апелира до граѓаните, институциите и локалните бизниси да помогнат во продолжување на проектите и подобрување на условите за децата со застој во развојот, а поддршка неодамна обезбеди и општина Кичево.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран