УТРО.мк

Коњановски: Да ја чуваме слободата и да градиме горда Македонија

Коњановски: Да ја чуваме слободата и да градиме горда Македонија
Vero

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, учествуваше на одбележувањето на 34 години од историското референдумско „ДА“. На настанот пред споменикот на НОАВМ во Битола свежо цвеќе положија Коњановски, членови на Советот на општината, Сојузот на борци и претставници од политичките партии, со што се оддаде почит на сите кои со визија и жртва ја градеа современата македонска држава.

Во својата честитка, Коњановски потенцира дека независноста на Македонија не е само историски датум, туку секојдневна борба и одговорност на сите граѓани. „Македонија е сонот на генерациите што се бореа, а денес е и одговорност на сите нас. Нашата независност е грижа, несебичен влог и надеж“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека младите се срцето на нацијата и гаранција дека Македонија ќе остане на патот на достоинството и државотворноста. „Наш заеднички долг е да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на можности, слобода и правда – каде што секој млад човек ќе може да го оствари својот сон без да се откаже од своите корени, идентитет и иднина“, порача Коњановски.

„Да не ја заборавиме жртвата на тие што се бореа, но и да веруваме во потенцијалот на тие што доаѓаат. Само со заедништво, љубов кон татковината и визија, можеме да продолжиме да градиме силна, праведна и горда Македонија. Нека ни е честит 8 Септември! Нека ни е вечна Македонија!“ – заклучи градоначалникот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран