Пожарот во атарот на селото Никуштак, Општина Липково, продолжува да се шири кон селото Орланци, местото викано Влаин Гроб во атарот на Матејче и кон манастирот „Пресвета Богородица“.
Екипи од ЈП Национални шуми, подружница Куманово, се на терен и интервенираат во гаснењето на пожарот. Во акцијата се вклучени и два „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, кои помагаат во справувањето со огнената стихија.