УТРО.мк

Во четврток (11 септември) во Македонија нови врнежи, грмежи и невреме!

Во четврток (11 септември) во Македонија нови врнежи, грмежи и невреме!
Vero

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во нашата Република Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата.

Во ваква ситуација во нашата Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за локална појава на град.

И во делови од Скопскиот регион во четврток (11 септември) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите тие во четврток (11 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје и околината во четврток (11 септември) максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран