УТРО.мк

„Сите за Палестина“ протест пред МНР

„Сите за Палестина“ протест пред МНР
Vero

Иницијативата „Сите за Палестина“ денеска во 18 часот ќе одржи протест пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како израз на солидарност со палестинскиот народ, непосредно пред почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, на кое ќе учествува и македонска делегација.

Од иницијативата апелираат за прекин на молкот околу ситуацијата во Газа и ги повикаа граѓаните да се потпишат на петиција, со која ќе се бара Владата и меѓународните претставници на Македонија да ја поддржат Палестина на овогодинешното собрание.

„Земјата треба да ја потврди својата поддршка за правото на самоопределување на палестинскиот народ, да гласа во корист на Палестина на сите идни сесии на ОН, вклучувајќи ги прашањата за полноправно членство и хуманитарна помош, и да усвои официјална позиција со која ќе се осуди геноцидот во Газа“, велат од иницијативата, повикувајќи истовремено на воведување санкции против Израел.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран