УТРО.мк

Меџити: Со Движењето Арберија до заедничка победа на 19 октомври

Меџити: Со Движењето Арберија до заедничка победа на 19 октомври
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на општина Чаир, денеска објави дека е постигнато ново политичко обединување во пресрет на локалните избори.

Меџити соопшти дека движењето ВЛЕН ги здружува силите со движењето Арберија и нејзините лидери – Беким Фазлиу, Мерале Ферати, Газменд Алији и Орхан Ибрахими. Според него, оваа соработка е силен поттик за целите на коалицијата.

„Овој сојуз ја прави уште посигурна нашата победничка патека за 19 октомври. Ова е јасен завет дека општините ќе им се вратат на граѓаните, со чесна, транспарентна и развојно ориентирана власт,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека 19 октомври ќе биде ден на голема победа и на граѓаните, нагласувајќи дека ВЛЕН е политичка сила која работи исклучиво за интересите на народот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран