УТРО.мк

Меџити: Високото образование е клуч за развојот на Чаир и на државата

Меџити: Високото образование е клуч за развојот на Чаир и на државата
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека високото образование претставува стратешки приоритет кој го гарантира развојот на општеството, иновациите и иднината на државата.

Тој потенцира дека инвестициите во високото образование не се само политичка определба, туку и институционална обврска, бидејќи квалитетното образование е предуслов за социјален и економски развој, како и за афирмација на Чаир како центар на знаење и иновации.

„Нашата општина се граничи со четири значајни универзитети. Нашата визија е да создадеме реални можности за студентите, преку поддршка, модерна инфраструктура и академски програми по европски стандарди,“ изјави Меџити.

Тој потсети дека токму во неговиот мандат како градоначалник на Чаир беше даден максимален придонес за основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој оваа година одбележува една деценија постоење. „Целта беше да се обезбеди академски амбиент и развојни можности на албански јазик. Денес овој универзитет има важна национална и регионална улога,“ додаде тој.

Меџити нагласи дека и како дел од владата продолжил со поддршката за развојот на високото образование, преку стратешка инвестиција од над 35 милиони евра за изградба на нов универзитетски кампус, кој ќе располага со современи капацитети, специјализирани лаборатории и услови за научно-истражувачка работа.

„Секој чекор што го правиме има цел да ги консолидираме албанските универзитети како институции со европски стандарди и да им овозможиме еднакви можности на студентите. Со тоа Чаир ја зацврстува својата улога како академски центар кој ќе придонесува во развојот на целата држава,“ истакна Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран