УТРО.мк

Вучиќ: Згрешив што европратениците ги нареков „олош“, но мислам многу полошо за нив

Вучиќ: Згрешив што европратениците ги нареков „олош“, но мислам многу полошо за нив
Vero

Дел од претставниците на пет српски опозициски партии денеска во Стразбур разговараа со европратеници за политичката состојба во Србија, барајќи воведување санкции против претседателот Александар Вучиќ и дел од високите владини функционери.

Вучиќ, гостувајќи на Прва телевизија, оцени дека опозицијата „отишла предалеку“ и дека со тоа всушност ги таргетира државата и народот, а не само власта. Според него, опозициските партии немаат ниту план, ниту програма, ниту идеи.

Тој се осврна и на својата претходна изјава, кога европратениците од Европската зелена партија кои присуствуваа на студентски протест во Нови Сад ги нарече „олош“. „Велат дека сум ги навредил. Да бидам искрен – мислам уште полошо за нив. Но веројатно згрешив што го употребив тој збор, бидејќи претседателот на државата не треба да се служи со таков речник“, изјави Вучиќ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран