УТРО.мк

Коњановски: Битола стана дел од европското фудбалско семејство

Коњановски: Битола стана дел од европското фудбалско семејство
Vero

Македонската и италијанската химна денеска одекнаа на новиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, каде што пред полни трибини од околу 8000 гледачи се одигра натпреварот меѓу младите репрезентации на Македонија и Италија. Италија славеше со минимални 1:0, но атмосферата и присуството на големи фудбалски имиња ја претворија Битола во центар на европскиот фудбал.

Градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на Општината, Борче Димитровски, беа дел од свеченоста заедно со делегати на УЕФА, претставници на ФФМ, пратеници и советници. „Ова е историски ден за нашиот град. Битола конечно е на мапата на европските фудбалски градови,“ изјави Коњановски.

Во ложата беа присутни и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како и голем број легенди на македонскиот фудбал – Горан Пандев, Ѓорѓи Христов, Николче Новески, Илија Најдовски, а натпреварот го следеше и селекторот на сениорите, Благоја Милевски.

Амбасадорите на Италија и Шпанија, Паоло Палминтери и Рафаел Соријано Ортиз, исто така беа меѓу присутните, дополнително давајќи му дипломатска тежина на настанот.

Битола вечерва го живееше својот вистински спортски празник.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран