УТРО.мк

Македонија У21 ќе ја пречека Италија на обновениот стадион „Петар Милошевски“

Македонија У21 ќе ја пречека Италија на обновениот стадион „Петар Милошевски“
Vero

Битола денеска станува центар на македонскиот фудбал – младинската репрезентација до 21 година ќе ја пречека селекцијата на Италија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Ова е првпат по цели 31 година една македонска репрезентација да настапи во градот под Пелистер.

Последниот натпревар на национален тим во Битола се одигра на 11 октомври 1994 година, исто така во рамките на квалификациите за У21 Европско првенство. Македонија тогаш се соочи со Шпанија и загуби минимално со 1-0 со гол на Оскар Гарсија.

Денеска, на целосно реконструираниот стадион „Петар Милошевски“, кој ги исполнува условите за одигрување европски натпревари, македонските младинци повторно ќе заиграат пред битолската публика. Натпреварот започнува во 18:15 часот.

Нашата селекција во првото коло загуби во Полска со 3-0, додека Италија беше подобра од Црна Гора со 2-1. Очекувањата се мечот во Битола да донесе нова енергија и поддршка за младите фудбалери кои ќе се обидат да стигнат до позитивен резултат против силната „азурна“ репрезентација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран