Битолската публика, која во огромен број го исполни стадионот „Петар Милошевски“, со несебичната поддршка за нашите фудбалери беше вечерашниот дванаесетти играч на натпреварот помеѓу Македонија и Италија.

Енергијата на трибините, спортскиот дух и гласната поддршка уште еднаш ја потврдија препознатливата битолска спортска традиција и љубов кон спортот. Со своето присуство и навивање, битолчани оставија посебен печат на овој настан и создадоа атмосфера за паметење.

Општина Битола е горда што ја има најверната публика, која секогаш стои зад своите спортски натпреварувачи. Ви благодариме што покажавте како се гради спортски дух и заедништво.
