УТРО.мк

Ѓорѓиевски од Ѓорче: Ќе оствариме историска победа

Ѓорѓиевски од Ѓорче: Ќе оствариме историска победа
Vero

„Ќе победиме силно!“ порача вечерва Орце Ѓорѓиевски од Ѓорче Петров, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози.

Тој истакна дека е горд што е меѓу народот во Ѓорче заедно со сегашниот градоначалник Александар Стојкоски и Бојан Стојаноски, со чија поддршка очекува „историска победа“ во општината.

„Она што го видов вечерва – масовноста, енергијата и искрената поддршка – е најголем доказ дека сме на вистинскиот пат. Ќе победиме секаде, а најсилно во Скопје, затоа што ние нудиме работа, а не празни флоскули. Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нѐ препознаваат по работа и резултати,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека оваа победа ќе биде „победа на народот, на чесноста и на вистинските вредности“, со цел да се изгради Скопје кое ќе биде симбол на развој и гордост.

„Секој од нас е дел од оваа приказна, секој од нас е сила за најдоброто што доаѓа,“ порача Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран