УТРО.мк

Изгоре автомобилот на Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, виден подметнувачот како бега

Изгоре автомобилот на Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, виден подметнувачот како бега
Vero

Ноќеска околу 3 часот по полноќ бил запален и целосно уништен автомобилот на Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина. Возилото било паркирано пред неговата зграда во населбата Кисела Вода.

Противпожарна екипа интервенирала и го изгаснала пожарот.

„Некоj намерно го запалил автомобилот, го виделе како бега. Бил слаб, висок, со дуксер. Апелирам до МВР и до министерот за внатрешни работи што побрзо да го фатат сторителот“, изјави Галетановски.

СДСМ го осуди настанот:

„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи. Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, соопшти СДСМ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран