УТРО.мк

Божиновска засади дрво по повод Меѓународниот ден за чист воздух

Божиновска засади дрво по повод Меѓународниот ден за чист воздух
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по повод Меѓународниот ден за чист воздух и сино небо 2025, заедно со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано де Годоj, засади ново дрво – тиса, на местото на стариот орев кој ја изгубил битката со времето.

„Дрвјата се филтрите на нашиот воздух, сенката во урбаната џунгла и потсетник дека без нив нема здрав живот. Ако секој од нас засади барем едно дрво – воздухот ќе биде подобар за сите,“ истакна Божиновска.

Таа порача дека симболичното садење на новото дрво претставува свеж почеток и заедничка заложба за подобра животна средина.

„Овој септември, повикот е едноставен: засадете дрво – за себе, за другите, за иднината,“ додаде министерката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран