Шпанија подготви закон за забрана на пушење на јавни простори
Шпанската влада претстави нацрт-законот со кој се предвидува забрана на пушењето и користењето е-цигари на отворени јавни места како плажи, тераси, автобуските станици и стадионите.
Министерката за здравство, Моника Гарсија, изјави дека целта е заштита на јавното здравје.
Предлогот предизвика критики од угостителите, бидејќи терасите се едни од последните места каде што пушачите можеа да се собираат, откако пушењето во затворени простори е забрането уште од 2011 година.
Законот, кој сè уште треба да помине парламентарна процедура, се надоврзува на европските мерки против пушењето, а сличен е на неодамнешниот француски закон, но со построги ограничувања.
Во Шпанија годишно повеќе од 50.000 луѓе умираат од болести поврзани со пушењето, додека Европа останува континент со највисока стапка на пушење во светот.