УТРО.мк

Трамп рече дека семејното насилство врз жени не треба да се смета за кривично дело

Трамп рече дека семејното насилство врз жени не треба да се смета за кривично дело
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека семејното насилство не треба да се вбројува во официјалната статистика за криминал, минимизирајќи го проблемот како „мала кавга со сопругата“. Изјавата, дадена во Музејот на Библијата во Вашингтон, предизвика силни реакции и осуди на социјалните мрежи.

Трамп минатиот месец прогласи вонредна состојба во округот Колумбија и испрати федерални сили за да помогнат во борбата против урбаниот криминал. Тој тврдеше дека мерките ја намалиле стапката на криминал за „87 проценти“, иако податоците од полицијата и медиумите бележат нови убиства, кражби и вооружени напади.

Во својот говор, Трамп се пожали што инцидентите на семејно насилство се третираат како дел од вкупната криминална статистика: „Работите што се случуваат дома, тие ги нарекуваат криминал. Ако мажот се скара малку со сопругата, велат дека тоа било место на злосторство.“

Клип од неговата изјава брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика гнев. „Само лежерно отфрлање на семејното насилство како кривично дело,“ коментираше републиканската стратег Сара Лонгвел. Корисници потсетија дека на секои 11 часа во САД умира по една жена од семејно насилство, а дел го исмеаја Трамп со сатирични фотомонтажи.

Претседателот и натаму инсистира дека криминалот е „вон контрола“ во градовите со демократска власт, а неодамна испрати Национална гарда и во Лос Анџелес за време на протестите против Имиграционата служба.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран