УТРО.мк

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција
Vero

Претседателот Емануел Макрон го именува лојалниот поранешен министер за вооружени сили, Себастијан Лекорну, за нов премиер на Франција.

Името на Лекорну се разгледуваше по падот на владата на премиерот Франсоа Бајру, кој си замина поради плановите за кратење на буџетот за следната година за 43,8 милијарди евра, изјавија извори запознаени со ситуацијата.

Лекорну, 39-годишен политичар, е единствениот министер кој остана во владата од изборот на Макрон во 2017 година, преживувајќи повеќе реконструкции и предвремени избори.

„Добро се прилагоди на светот на Макрон. Има силен инстинкт за опстанок“, изјави еден парламентарец.

Во изминатите седум години, Лекорну изгради имиџ на лојален сојузник, со стил што наликува на претседателот, особено во однос на вклучувањето на граѓаните. Покрај министерските должности, тој е активен советник во својот округ во Нормандија, каде што редовно престојува за време на викендите. Познат е по низок јавен профил и сериозен настап, ретко откривајќи детали од приватниот живот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран