Либанската армија во рок од три месеци целосно ќе го разоружа Хезболах во пограничните области со Израел, изјави денеска министерот за надворешни работи на Либан, Јусеф Раџи.
Тој појасни дека началникот на Генералштабот, Родолф Хајкал, минатата недела ѝ презентирал на владата петфазен план со кој државата треба да се позиционира како единствен легитимен носител на оружје, пренесе Times of Israel.
Според планот, првата фаза ќе трае три месеци, а до ноември треба да заврши разоружувањето на вооружените структури јужно од реката Литани.
Израел со години бара забрана на активностите на Хезболах во тој регион, кој се наоѓа околу 25 километри од израелската граница.