УТРО.мк

Димитриеска – Кочоска: Македонската економија бележи стабилен раст

Димитриеска – Кочоска: Македонската економија бележи стабилен раст
Vero

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, соопшти дека економијата на Македонија продолжува стабилно да расте, при што во второто тримесечје од 2025 година бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 3,4% во споредба со истиот период лани.

Ова е четврти квартал по ред со раст над 3%, што, според министерката, е доказ дека спроведените реформи и економските политики носат резултати.

„Растот е предводен од градежништвото, трговијата, транспортот и угостителството, но позитивни движења се забележуваат и во индустријата и рударството,“ истакна Димитриеска – Кочоска.

Таа додаде дека ваквите бројки потврдуваат дека економијата се темели на здрави основи и дека стандардот на граѓаните е во континуирано подобрување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран