Владата на САД најави нова имиграциска операција во Чикаго, со што се продлабочуваат тензиите со демократските лидери во Илиноис.
Одделот за внатрешна безбедност (ДХС) преку „X“ соопшти дека акцијата „Мидвеј Блиц“ ќе биде насочена кон „криминални нелегални мигранти“, без детали за изведувањето.
Градоначалникот Брендон Џонсон реагираше дека градот не бил известен, нагласувајќи дека се противи на „милитаризирани акции“ поради злоупотребите на ICE и нарушувањето на човековите права.
Гувернерот Џ.Б. Прицкер го обвини претседателот Доналд Трамп дека наместо да работи на јавна безбедност, ја заплашува заедницата.
Трамп дополнително ги разгоре расправиите со објава на фотографија генерирана со вештачка интелигенција, на која Чикаго е претставен во стил на филмот „Апокалипса сега“, со натпис: „Го обожавам мирисот на депортации наутро“.