Премиерот на Непал, Кагда Прасад Оли, денеска поднесе оставка по насилните протести предизвикани од забраната на социјалните мрежи и обвиненија за корупција во владата.
Демонстрантите, најмногу млади, го нападнаа парламентот и запалија домови на водечки политички лидери во Катманду и околината. Во судирите со полицијата, која отвори оган за да ги растера демонстрантите, загинаа најмалку 19 лица, а повеќе од 400 беа повредени.
Протестите започнаа како реакција на забраната за 26 социјални мрежи, меѓу кои Фејсбук, Јутјуб и Линкедин, но брзо се проширија поради растечкото незадоволство од корупцијата и политичките партии. Владата денеска ја укина забраната, но немирите продолжија, па беше воведен полициски час и беа затворени училиштата во главниот град.
Министерот за внатрешни работи, Рамеш Леках, исто така поднесе оставка, додека премиерот најави формирање истражен одбор кој треба да поднесе извештај за настаните и да обезбеди компензации за загинатите и бесплатна медицинска помош за повредените.