Нов пожар избувна денеска во беровското подрачје, над село Русиново, кон месноста Безгаштево, формирајќи голема огнена линија. На терен се испратени екипи од ЈП „Македонски Шуми“ и ТППЕ Берово, како и голем број локални жители кои помагаат во гасењето.
Пожарот над беровското езеро, кај месноста Криви Бор, кој беше активен претходно, е целосно ставен под контрола, а до утре се очекува целосно да биде изгаснат.
Покрај овие два пожари во Берово, во Кумановскиот регион се активни два пожари – кај Пезово и кај Никуштак. Надлежните уверуваат дека екипите остануваат целосно посветени на терен и дека ништо нема да се остави на случајност во гасењето на огнените линии.