Месната заедница Белица упати јавен апел за пронаоѓање на Велјанка Штерјоска, која е исчезната од вчера наутро.
Последен пат била видена околу 9 часот пред својата куќа во близина на црквата во Белица.
Според објавениот опис, Велјанка е висока околу 155 сантиметри, има кафена коса и кафени очи.
МЗ Белица ги замолува сите кои имаат било каква информација или ја забележале да се јават на телефонскиот број: 072 304 091.
„Вашата помош е од огромно значење“, истакнуваат од месната заедница.