УТРО.мк

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни решенија за Скопје

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни решенија за Скопје
Vero

Скопје – Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, денес направи увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од неговиот мандат.

Меѓу проектите што ќе се реализираат се: нова клучка во Хиподром за приклучок кон автопатот на источниот дел од градот, кружен тек кај „Тобако 2“, нов мост кај Вардариште кој ќе ги поврзе Аеродром и Гази Баба, пуштање во употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и трета лента на булеварот „Александар Македонски“ на влезот во Скопје.

Ѓорѓиевски истакна дека со овие проекти се очекува олеснување на секојдневната сообраќајна циркулација и создавање пофункционален и подобро поврзан град. „Скопје добива нов лик, за подобар и развиен град каков што заслужуваат скопјани“, порача Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран