УТРО.мк

Пукање во Скопје: Полицијата со предупредувачки истрел спречи разбојништво во маркет

Пукање во Скопје: Полицијата со предупредувачки истрел спречи разбојништво во маркет
Vero

Скопје – Рано утрово на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир полицијата спречи обид за разбојништво во маркет, откако три машки лица насилно се обиделе да влезат во објектот.

Од МВР информираа дека околу 5 часот по добиена пријава веднаш реагирале екипи на Единицата за интервентна полиција и полициската станица Бит-пазар.

„Откако ги забележале полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полицаец испукал предупредувачки истрел во воздух. По преземените мерки, од слобода се лишени А.Х. (23) и Е.А. (19), а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање“, соопштија од Министерството.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран