Валандово – Трагична сообраќајна несреќа се случила вчера околу 14 часот на регионалниот пат од селото Јосифово кон селото Пирава, на местото викано „Железен мост“, во која животот го загубил 34-годишен мотоциклист од Јосифово.
Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале трактор „ИМТ“ со приколка, управуван од 75-годишниот В.Т. од Пирава, и мотоцикл „Сузуки“, со кој управувал загинатиот С.К. од Јосифово. По силниот судир, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди.
Тој бил најпрво пренесен во болницата во Валандово, а потоа итно транспортиран во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 17:30 часот починал.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Валандово.