Првите големи инфраструктурни проекти во Чаир денес ги започна Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, кој е и кандидат за градоначалник на општината.

Станува збор за реконструкција на два километри улици во стариот дел на Чаир, која вклучува нови тротоари, подобрена сообраќајна инфраструктура и модерни решенија за улиците, со инвестиција од 30.367.000 денари.

Паралелно, се реализира и проект за јавна расвета на овие улици, со вредност од 7.264.000 денари, што ќе обезбеди поголема безбедност и подобри услови за сите жители.
Меџити потенцира дека овие проекти се дел од неговата стратегија за видливи и конкретни инвестиции кои директно ја подобруваат секојдневниот живот на граѓаните на Чаир.