УТРО.мк

Мицкоски: Македонија бележи раст на извозот и намалување на невработеноста

Мицкоски: Македонија бележи раст на извозот и намалување на невработеноста
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на Фејсбук ги коментираше најновите економски показатели, истакнувајќи дека економијата се стабилизира и трговската размена е во пораст.

Според него, стапката на невработеност е намалена на 11,5 проценти, што е за еден процент помалку во однос на истиот период лани. „Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа значи илјадници семејства со поголема сигурност и иднина,“ истакна Мицкоски.

Раст е забележан и во надворешната трговија. Во јули извозот пораснал за 4,69 проценти, додека увозот за 4,35 проценти. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41 проценти, а увозот за 4,83 проценти. Вкупната трговска размена во сегментот на увозот е зголемена за 5,07 проценти во однос на истиот период лани.

„Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија,“ нагласи премиерот.

Мицкоски додаде дека ова е време на работа, резултати и развој.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран